Gülşen Topçu
11 Декември 2020•Ажурирај: 12 Декември 2020
БАГДАД
Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара од ирачкиот премиер Мустафа ал-Казими да ги поддржи Палестинците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писмената соопштение на ирачката влада, премиерот Казими главниот град Багдад го примил генералниот секретар на Централниот комитет на движењето Фетах, Џибил ер-Руџуб.
За време на состанокот, Руџуб писмото на Абас за поддршка на Палестинците во Ирак го предал до Казими.
Казими, според соопштението, истакнал дека палестинското прашање е во совеста на Ирак и дека Палестинците не се третираат како „странци“, но нивниот привремен престој во земјата има за цел да им го гарантира правото да се вратат во нивната татковина.
Посетата на Руџуб уследи по дискусијата за законодавниот амандман во ирачкиот парламент со кој „се предвидува дека Палестинците кои престојуваат во земјата најмалку 10 години подлежат на истите права и обврски како ирачките граѓани“.
Повеќето од Палестинците околу 34 илјади, живеат во Багдад, главниот град на Ирак.