Ekipa
29 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК ги ослободи заробените терористи на ДЕАШ во окупираната сириска покраина Рака, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор за АА изјави дека раководството на ЈПГ/ПКК постигнало договор со терористичката организација ДЕАШ и за паричен надомест ослободило најмалку 40 терористи од затворот во подрачјето Тел Абјад.
Сè уште не е познато во кој правец отишле ослободените терористи на ДЕАШ.
Претходно, терористите на ЈПГ/ПКК за време на окупацијата на Африн од затвор ги ослободија заробените терористи на ДЕАШ, под услов да се борат против турските сили и сириската опозиција кои со операцијата „Маслинова гранка“ го ослободија тој регион.
И во октомври минатата година терористите на ЈПГ/ПКК со договор им дозволија на терористите на ДЕАШ да го напуштат центарот на Рака.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК под окупација во моментот држи 28 отсто од територијата на Сирија, а претежно се окупирани регионите во северниот и североисточниот дел на земјата.