Halit Süleyman
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
АЗЕЗ (АА) - Опозициските сили го презедоа селотот Дабик во северниот дел на Сирија којшто имаше симболично значење за терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА добиени од командантите на Слободната сириска армија, селото Дабик и населбата Соран на градот Алепо којшто се наоѓат во серверниот дел на Сирија беа исчистини од милитантите на терористичката организаицја ДЕАШ.
Турските воружени сили (ТСК) коишто во рамките на операцијата Штитот на Еуфрат ги подржуваат силите на Слободната сириска армија се обидуват да ги неутрализиарат поставените бомби што беа поставени од страна на терористичката организација во новите преземени области на линијата Азез-Џарабулус.
Безбедносните извори во изјавите за АА соопштија дека е комплетиран најтешкиот дел во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат" и дека операцијата ќе продолжи.
Дабик- медиум на ДЕАШ, објави дека истоименото место Дабик има симболично значење за организацијата. Организацијата верува дека со војната во Дабик со „силите кои веруват дека не се муслимани“ ќе почне и “крајот на светот“.
Од друга страна во весникот на организацијата објавено вчера на интернет беа пренесени зборовите на нивниот водач Ебубеки Багдади дека, „ова не е очекуваната голема војна Дабик.“