Emine Merve Kara
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
ДАМАСК (АА) - Најмалку девет лица загинаа, меѓу кои седум деца, во новите воздушни напади на подрачјето на Источна Гута во сириската престолнина Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот го извршија воените авиони на сириската војска лојални на третседателот Башар ал-Асад, а повредени се десетици цивили.
Според информациите од цивилната заштита, воените авиони ја бомбардирале населбата Кефр Батну во Дамаск. Потврдено е дека загинале девет лица, меу кои и седум деца, а градежните машини ги извлекуваат цивилите под урнатините.
Очевидецот Иса Ебу Сејх, изјави дека татко под урнатините го извлекол телото на својот синот. Имено, станува збор за семејна куќа која е уништена во бомбардирањето.