Ramazan Turgut
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
РИЈАД (АА) - Претседателот на САД, Барак Обама, пристигна во официјална посета на Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, по повод Самитот за соработка помеѓу САД и Советот за заливска соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Обама на аеродромот во Ријад беше пречекан од принцот Фајсал Бин Бендер Бин Абдулазиз, министерот за надворешни работи, Адил ел-Кубејр, амбасадорот на САД во Ријад, Џосеф Вестфал и други официјални лица.
Пред утрешниот Самит, се очекува вечерва Обама да се сретне со кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз.
На самитот помеѓу САД и Советот ќе се говори за преземање одредени чекори наспроти дестабилизирачката политика која ја води Иран во регионот, борбата со терористичката организација ДАЕШ и мерките за зголемување на притисокот врз оваа организација во Сирија и Ирак, и граѓанските војни во Јемен и Сирија.