Övünç Kutlu
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за говорот што ќе го одржи на конференцијата организирана од страна на една фирма од Волстрит ќе добие надомест од 400.000 долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што се најде во американските медиуми, фирмата „Cantor Fitzgerald“ (Кентор Фицџералд), која работи на Волстрит, финансискиот центар на САД, на поранешниот американски претседател Обама ќе му исплати 400.000 долари за говорот што ќе го одржи.
Се истакнува дека на конференцијата за здравство што фирмата „Кентор Фицџералд“ ја планира за септември, главен говорник ќе биде Обама, кој ќе има свое обраќање за време на ручекот организиран на таа конференција.
Обама во времето кога беше претседател на САД, по започнувањето на економската криза во 2008 година, ги посочи фирмите од Волстрит како одговорни за последиците од економската рецесија и беше изјавил дека кризата во голема мера произлегла од активностите на овие фирми.