İdris Okuducu
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
ЕРБИЛ (АА) - Во ирачкиот град Синџар ќе бидат изградени 2.000 станбени единици, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за градежништво и просторно уредување на Курдската самоуправа на северниот дел од Ирак, Дербаз Мухамед, изјави дека е подготвен посебен план за обнова на Синџар, кој околу две години е ослободен од терористичката организација ДЕАШ.
Според неговите зборови, планирана е изградба на училишта, болници, владини институции и 2.000 станбени единици за семејствата кои останаа без покрив над главата.
Тој додаде дека очекуваат проектот да започне следната година.
Терористичката организација ДЕАШ го зазеде Синџар во август 2014 година, а ослободен е во ноември следната година.