Ekipa
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
ЛАГОС (АА) - Најмалку 200 лица загинаа, а стотици се повредени во несреќата што се случи во јужната нигериска покраина Аква Ибом, при уривање на покрив од црква, јавува Anadolu Agency (AA).
„Многу жртви се наоѓаат во приватните болници и мртовечници ширум градот Ујо. Не можеме да кажеме точно колку луѓе загинаa досега. Во нашата мртовечница се наоѓаат над 200 тела”, изјави Етете Питерс, директор на државната болница во Ујо.
Питерс изјави дека најмалку 50 ранети лица биле донесени во болницата. Полицијата допрва треба да го открие бројот на загинати. Во времето на уривање на покривот се одвивала служба за хиротонисување на епископот, основачот на црквата, пасторот Акан Вик.
На настанот присуствуваа високи владини претставници и илјадници верници од државата, и од целиот регион. Уривањето на градбите е честа појава во Нигерија, често со смртоносни последици.
Вкупно 115 верници загинаа вклучувајќи 85 од Јужна Африка, кога се урна гостинска куќа во склоп на големата црква во југозападен Лагос во 2014 година.