Mohamed Sabry Emam Muhammed
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
АДЕН (АА) - Најмалку 48 војници загинаа во самоубиствен бомбашки напад во градот Аден, во јужниот дел од земјата синоќа, јавува Anadoly Agency (AA).
Експлозијата се случила во моментот кога војниците ги земале своите плати на влезот на базата Савлаван, на периферијата на градот Аден.
Началникот на Генералштабот изјави дека во нападот загинале 48 војници, а 31 се повредени.
„Терористичкиот напад има за цел да се смират силите на злото, да предизвика хаос и крвопролевање и да го наруши јавниот живот во ослободените области“, се вели во соопштението.
Терористичката група ДЕАШ ја презеде одговорноста за нападот.
Во изјавата, објавена од страна на поддржувачи низ социјалните мрежи, милитантната група истакнува дека бомбаш-самоубиец се разнел меѓу војниците во градот.
Претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади, наредил спроведување истрага за бомбардирањето, истакнаа извори на претседателот за АА.
Аден во моментов е привремено седиште на јеменската влада, којa беше принуден да пребега од главниот град Сана кон крајот на 2014 година, откако бунтовниците Хуси го зазедоа главниот град и други провинции.