Bayram Altuğ
11 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека бројот на бегалци кои од Украина преминале во соседните земји е 2 милиони 498 илјади 827, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) се нагласува дека 2 милиони 498 илјади 827 украински бегалци преминале во соседните земји во периодот од 24 февруари до 10 март.
Според соопштението, повеќе од половина од украинските бегалци преминале во Полска.
Во Полска преминале 1.524.903 бегалци, во Унгарија - 225.046, во Словачка - 176.092, во Молдавија - 104.929, во Русија - 99.831, во Романија - 84.671, во Белорусија - 858, а во други европски земји преминале 282.497 бегалци.
Во соопштението, исто така, се нагласува дека 96.000 луѓе од регионите Доњецк и Луганск преминале во Русија во периодот 18 - 23 февруари.
УНХЦР предупреди дека ако ситуацијата во Украина дополнително ескалира, до 4 милиони цивили може да ја напуштат земјата.