Cüneyt Karadağ
31 Март 2020•Ажурирај: 01 Април 2020
БЕРЛИН
Претседателот на германскиот оддел за криминал Холгер Мунш соопшти дека во нападот 19 февруари изведен во градот Ханау во кој едно лице уби 9 лица, меѓу кои 4 Турци, има „расистички мотив“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откако во германските медиуми се објавени вести поврзани со нападот во Ханау, Мунш преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави „Германскиот оддел за криминал експлицитно смета дека инцидентот е инициран од екстремно десничарски мотиви. Инцидентот се заснива врз расистички мотиви“.
Во својата објава Мунш информираше дека претходно немало прелиминарен извештај во кој се негираат вестите објавени во медиумите, ниту пак сега има таков извештај, додавајќи дека истрагата продолжува.
Германските медиуми во врска со расистичкиот напад во Ханаи објавија вест во кој трдеа дека Германскиот оддел за криминал подготвил извештај во кој се користат фрази дека нападот немал расистички мотиви.
- Расистичкиот терористички напад во Ханау
Во германскиот град Ханау на 19 февруари беше изведен расистички терористички напад врз две кафулиња во кои животот го загубија 9 лица, меѓу кои 4 Турци.
Во операцијата што го спроведоа припадниците на специјалните сили, во својот дом мртви се пронајдени извршителот на нападот Тобиас Р. (43) и неговата 72 годишна мајка.