Esin Eşkinat Sayılgan
27 Октомври 2021•Ажурирај: 28 Октомври 2021
ЊУЈОРК (АА) - Околу 200 учесници од 24 земји учествуваа во трката во најбрзо искачување на Емпајер Стејт Билдинг, која беше спонзорирана од „Туркиш ерлајнс“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во првата и најпозната трка во искачување на кула во светот, учесниците искачија 1.576 скали, или 320 метри, до 86-от кат од петтата највисока зграда во Соединетите Американски Држави (САД), во 43. по ред трка.
Ваи Чинг Сох од Малезија победи во машката трка, кој успеа за време од 10 минути и 46 секунди да стигне до врвот, додека Синди Харис од САД победи во женската трка со време од 14 минути и 1 секунда.

На победниците им беа доделени билети од турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“
Фондацијата за образование и солидарност со лицата со попреченост во Истанбул (ИЗЕВ) со поддршка на Министерството за млади и спорт на Турција зеде учество во трката со двајца спортисти со цел да привлече внимание кон лицата со посебни потреби.
Еден од учесниците на трката во име на ИЗЕВ беше 61-годишниот Кемал Оздемир, кој има физички инвалидитет, додека другиот учесник беше Мерт Онаран, спортист вклучен во проекти за општествена одговорност.
Раководителот на ИЗЕВ, Хакан Курт, за АА истакна дека учествувале на трката со единствена цел за подигање на свеста за правата на лицата со посебни потреби.