Alma Çekovic
26 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
ЊУЈОРК (АА) - Хуманитарната помош во вид на храна, доставена е речиси на половина од населението кое е заробено во опколените подрачја на Сирија, но останува уште многу да се направи со цел да се помогне на 13,5 милиони цивили ширум уништената од војна блискоисточна земја, се наведува во извештајот на ОН.
Во месечниот извештај на Советот за безбедност на ОН, утврдено е дека и покрај кревкиот прекин на непријателството во текот на месец април дошло до севкупен пораст на судирите и значаен пораст на цивилните жртви, уништените болници, продавници и училишта.
Според извештајот храна е доставена за повеќе од 200.000 лица односно 41,9 отсто од оние кои живеат во подрачјата под опсада, што е двапати повеќе во однос на март.
„Инаку тоа е позитивна работа, севкупниот напредок е мал и кревок. И понатаму сме далеку од конзистентното задоволување на потребите на 13,5 милиони цивили во Сирија”, истакнато е во извештајот.
По релативно мирниот период, бројот на цивилни жртви и кршење на човековите права се зголеми нагло во месец април, наведува ОН.
„Продолжението на активни судири во неколку области го отежнуваат ефикасното пружање на хуманитарна помош, како и пристапот на луѓето кон основните услуги”, се додава во извештајот.
Во извештајот се наведува дека сириската влада до 4-ти мај во потполност одобрила 14 од 35 конвои на хуманитарна помош планирана за мај, но подоцна добила согласност за уште осум. Овие 35 конвои на хуманитарна помош планирани се за 900.000 луѓе во опколените подрачја, додека помошта за преостанатите 375 цивили на 13 локации сè уште не е одобрена.