Muhammet İkbal Arslan
28 Април 2024•Ажурирај: 29 Април 2024
ЖЕНЕВА (АА) – МУХАМЕТ ИКБАЛ АРСЛАН -
Портпаролот на високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН), Џереми Лоренс, изјави дека се многу загрижени поради притворањето на стотици студенти на собирите за поддршка на Палестина на универзитетите во Соединетите Американски Држави (САД).
Лоренс во разговор за Агенција Анадолу говореше за интервенцијата на полицијата на протестите за поддршка на Палестина кои се одржуваат на американските универзитети.
„Многу сме загрижени поради притворањето на стотици студенти на универзитетите во Соединетите Американски Држави за време на собирите за поддршка на Палестина“, рече Лоренс, додавајќи дека во некои случаи полицијата интервенирала доста грубо на протестите.

Тој истакна дека слободата на изразување и собирање не смее да се нарушува или одзема.
„Секој има право да организира мирни протести и не треба да биде спречен во тоа“, рече Лоренс.
Тој нагласи дека слушнале за тврдењата за „антисемитизам“ и „антиисламизам“ на протестите, кои, како што рече, секако треба да се осуди и спречи.
„Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврдеше дека овие демонстрации со кои се бара прекин на крвопролевањето во Газа се „антисемитски“. Не е ли ова многу сериозно обвинување?“, рече Лоренс, додавајќи дека луѓето имаат право на протест и изразување на политичките ставови.
Протестите против израелскиот напад на Газа се проширија низ САД откако над 100 лица беа уапсени на Универзитетот Колумбија во Њујорк минатата недела кога полицијата се обиде да го „расчисти“ кампусот.
- Масовни гробници во Газа -
Одговарајќи на прашање за масовните гробници пронајдени во кампусот на болницата Насер откако израелската војска се повлече од Хан Јунис на 7 април по четиримесечен период на окупација, Лоренс рече дека е жално што страдаат цивили.
„Она што сè уште не го знаеме е што се случило со луѓето чии тела се пронајдени, како биле убиени“, истакна Лоренс, додавајќи дека мора да се спроведе независна истрага за тоа.
Цивилната заштита на Палестина ексхумираше најмалку 392 тела од масовните гробници во комплексот на болницата Насер во Хан Јунис.
Телата се откриени откако израелската војска се повлече од Хан Јунис на 7 април по четиримесечна окупација.
Израел, кој е обвинет за геноцид, од 7 октомври минатата година извршува брутални напади во Појасот Газа, во кои досега се убиени повеќе од 34.000 Палестинци, главно жени и деца.