Bayram Altuğ
27 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната организација за миграција (ИОМ) при Обединетите нации (ОН) соопшти дека од почетокот на годината досега на Медитеранот загинале приближно 970 нерегуларни мигранти при обид да преминат во Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на ИОМ, Пол Дилон, на прес-конференција во канцеларијата на ОН во Женева истакна дека во неделата потонало бротче што тргнало од пристаништето во Хомс во Либија и дека загинале најмалку 57 нерегуларни мигранти.
Дилон нагласи дека 18 лица биле спасени од страна на рибарите и крајбрежните сили.
Тој рече дека според изјавите на овие лица, меѓу лицата што се водат како исчезнати има најмалку 20 жени и 2 мали деца.
Според него, вработените на ИОМ во Либија обезбедиле здравствена услуга, храна и вода за овие 18 лица со потекло од Нигерија, Гана и Гамбија.
„Со оваа последна трагедија, вкупниот број на загинати во 2021 година во централната медитеранска рута од прилика се искачи на 970 лица, односно жени, мажи и деца“, рече Дилон.
Тој упати апел до земјите членки на ЕУ да покажат голема солидарност со цел да се спречат смртните случаи кај нерегуларните мигранти на Медитеранот, и дека ЕУ треба да пристапи до овој проблем со веродостојна, јасна и хуманитарна политика.