Betül Yürük
15 Февруари 2020•Ажурирај: 17 Февруари 2020
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека во сирискиот град Идлиб во последните 3 месеци биле раселени над 830.000 лица, а во последните 3 дена биле раселени 143.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Генералниот секретаријат на ОН, Стефан Дујариќ, на дневниот брифинг за медиумите рече дека стотици илјади лица се раселени поради судирите што продолжуваат во Идлиб, Алепо, Сармин и Атариб.
Дујариќ истакна дека над 80 отсто од раселените лица се деца и жени. „Како резултат на судирите, од почетокот на декември раселени се над 830.000 лица, додека во последните 3 дена раселени се 143.000 лица“, додаде тој.
Исто така, Дујариќ нагласи дека од вторникот 72 болници и здравствени центри во Идлиб и Алепо ја запреле нивната работа.