Yıldız Nevin Gündoğmuş
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
АНКАРА (AA) – Припадниците на Вооружените сили на Република Турција во рамките на операцијата Маслинова гранка до сега неутрализираа најмалку 899 терористи на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските воздушни сили од почетокот на операцијата Маслинова гранка уништија најмалку 539 терористички упоришта, а до сега се неутрализирани најмалку 899 терористи.
Наведено е исто така дека до денеска во судирите со терористите загинале најмалку 13 припадници на Вооружените сили на Турција, а ранети се 57, ранетите се надвор од животна опасност.
Операцијата во Африн е покрената во рамките на турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, посебно оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 80-те години од минатиот век води терористичка кампања против Турција.