Emre Gürkan Abay
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
ЕРИВАН
Опозициските партии во Ерменија го соопштија поранешниот премиер Вазген Манукјан како заеднички кандидат за привремен премиер на земјата, а го повикаа сегашниот премиер Николa Пашинјан „веднаш да си даде оставка“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По поразот на ерменската Армија против азербејџанската Армија во Карабах продолжуваат повиците за оставка на Владата.
Седумнаесет опозициски политички партии во земјата излегоа со заедничка изјава против сегашниот премиер Пашинјан.
Посочувајќи дека Владата не може да ја надмине продлабочената политичка и социоекономска криза во земјата, во соопштението се вели:
„Од оваа причина, формирањето на новата Влада е итна потреба. За привремената Влада која ќе се формира, наш кандидат за премиер е Вазген Манукјан. Тој се обврза да ја предводи привремената Влада, да ја однесе земјата на предвремени избори и потоа самиот на изборите да не учествува. Додека е на функција, Пашинјан ја загрозува безбедноста на земјата, па затоа мора веднаш да си даде оставка.“
Манукјан беше премиер во Ерменија во 1990 - 1991 година, а беше министер за одбрана во 1992 - 1993 година.
Народот во Ерменија започна со протести откако Пашинјан го прифати поразот од Азербејџан.