Ekip
23 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Зеид Ра'ад Ал Хусеин, високиот комесар на ОН за човекови права, го критикуваше односот на Македонија кон мигрантите, барајќи од земјата да се стави крај на „систематската политика на протерување и притвор“, јавува Anadolu Agency (AA).
Хусеин изрази особена загриженост за 180-те мигранти од март, кои од кога е затворен преминот на балканската рута, престојуваат во транзитните центри „Табановце“ и „Винојуг“.
Горан Стојановски, претседател на центарот во Табановце, рече дека во центарот престојуваат 61 лице, дека тој е од отворен тип и секој може да го напушти центарот и да си оди кога ќе посака.