Ekip
23 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
АЛЕКСАНДРИЈА (АА) - Компјутерски хакер, кој им помогнал на ДАЕШ со давање на имиња на повеќе од 1.000 вработени во американската влада и воени лица, како потенцијални мети, оседен е на 20 години затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Дваесетгодишниот Ардит Феризи, со потекло од Косово, кој е уапсен минатата година во Малезија, осуден е во петокот во федералниот суд во Александрија, државата Вирџинија. Феризи е првиот осуденик за компјутерско хакирање и тероризам во САД.
Феризи хакирал приватни фирми и извлекол имиња, лозинки од е-маил адреси и теефонски броеви на повеќе од 1.300 лица чии мејлови имаат наставка „.gov“ и „.mi“. ДАЕШ ги објави нивните имиња и им упати закана дека ќе бидат нападнати.
Обвинителите побараа максимална затворска казна од 25 години, додека бранителите тврделе дека Феризи не направил вистинска штета и побарале казна од 6 години затвор.