Muhammet Nazım Taşcı
27 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
ИСЛАМАБАД
Според првичните извештаи, 11 работници ги загубија животите во пожар што избувна во хемиска фабрика во пакистанскиот град Карачи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, од засега неутврдени причини, избувнал пожар во фабрика за хемикалии во квартот Коранги во Карачи.
Според првичните информации, во пожарот загинале 11 работници.
Во вестите се наведува дека голем број работници се заробени во фабриката.
Во тек се активности за гаснење на пожарот.