Mehmet Nuri Uçar
21 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
РАМАЛА (АА) - Палестинската ослободителна организација ја поздрави посветеноста кон ставање крај на израелската окупација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Го цениме ставот на братската држава на Катар за нејзиниот став [во врска со палестинското прашање]“, напиша во објава на Твитер Саиб Урејкат, генерален секретар на Извршниот совет на Палестинската ослободителна организација.
Урејкат го проследи на својот профил твитот на Министерството за надворешни работи на Катар, во кој беше нагласено: „Го потврдуваме нашиот решителен став кон ставање крај на израелската окупација на палестинските територии и формирање палестинска држава со главен град Кудс [Ерусалим]. Катар нема да избегне од ниту еден напор за осигурување секаква поддршка за олеснување на болките на палестинските браќа сè додека палестинскиот народ не ги добие сите свои легитимни права.“
Од друга страна, движењето Хамас ги поздрави изјавите на државниот министер на Алжир, Абдулмеџид Тебун, во врска со неговиот став против нормализацијата на односите со Израел.
„Движењето Хамас ги цени изјавите на претседателот на Алжир против окупацијата и нормализацијата, и неговите изјави во поддршка на палестинската кауза“, напиша на Твитер Сами Ебу Зухри, портпарол на Хамас.
Зухри нагласи дека оваа изјава е израз на великодушниот став на Алжир кон палестинската кауза.