Gülşen Topçu
26 Декември 2023•Ажурирај: 27 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Палестинката Иман ал-Мисри, која со семејството се засолни во училиште во Деир ал Белах во централниот дел на Појасот Газа, каде што Израел продолжува со интензивните напади, роди четворка, пренесува Анадолу.
Според вестите на официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, четворка родила Ал-Мисри, која со сопругот, мајката и децата побегнала од регионот Беит Ханун на северот на Појасот Газа и се засолнила во училиштето Рафида во Деир Белах.
Оваа Палестинка и нејзиното семејство се обидуваат да преживеат во тешките услови во засолништето.
26.12.2023 Палестинка роди четворка во централниот дел на Појасот Газа
- Според вестите на палестинска новинска агенција ВАФА, четворка родила Палестинката Иман ал-Мисри. Едно бебињата сѐ уште е во болница, а родителите не можат да дојдат до него и да дознаат како е.
Ал-Мисри изјави дека четири дена била во болницата бидејќи имала контракции во осмиот месец од бременоста.
Бебињата се родени со царски рез. По породувањето ѝ било кажано дека ѝ треба удобен кревет за закрепнување. Меѓутоа, во прифатилиштето нема ништо од тоа, дури ни доволно млеко за бебињата.
И таткото на бебето рекол дека немаат доволно млеко за новороденчињата, а училиштето во кое се сместени нема ни доволно гас, струја и брашно.
Тој додаде дека едно бебе сѐ уште е во болница, но не можат да дојдат до него и да дознаат како е.