Mücahit Aydemir
10 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
КУДС (АА) - Израелските војници убија Палестинка во близина на Витлеем на окупираниот Западен Брег, известува Агенција Анадолија (АА).
Од палестинското Министерство за здравство се наведува дека Палестинката, ранета од израелските војници, била хоспитализирана во државната болница во Витлеем.
Меѓутоа, потврдија дека жената на возраст од 40 години починала од последици предизвикани од ранувањето.
Очевидците за АА изјавија дека инцидентот се случил во градот Хусен, западно од Витлеем, наведувајќи дека израелските војници пукале кон жената.
Меѓутоа израелските медиуми тврдат дека Палестинката не ги послушала израелските војници кои ѝ велеле „стој“, по што пукале кон неа.
Израелската Влада објави дека безбедносниот контролен пункт Гилбоа, кој е отворен кон градот Џенин веднаш по последниот напад во Тел Авив, е затворен до следно известување.