Qais Omar Darwesh Omar,Ali Semerci
20 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот премиер Мухамед Штајех упати повик до земјите во светот да се потсетат на правата на Палестина за гасот и природните ресурси во период кога бараат алтернативни извори на енергија за рускиот гас, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на почетокот на седницата на Владата во Рамала, Штајех рече: „Ги потсетуваме сите на нашите природни ресурси и право на природен гас украден од страна на окупаторските сили [Израел].“
„Светот не треба да ја охрабрува окупациската држава да ги убива Палестинците, насилно да ги раселува Палестинците, да ги прекршува нивните права, да гради еврејски населби, и да ја краде нивната вода, гасот и природните ресурси“, рече Штајех.
Палестина не можеше да ги развие своите ресурси на природен гас повеќе од 20 години од откривањето на полето за природен гас Газа Марине.
Сместено на 36 километри од брегот на Газа во Средоземното Море, Газа Марине е едно од првите полиња на енергенси откриени во источниот медитерански басен.
Полето, кое е откриено во 1990-тите, развиено е во 2000 година од страна на британска компанија за гас.
Се проценува дека има приближно 28,3 милијарди метри кубни природен гас во морскиот басен на Газа.
На 15 јуни, Египет, Израел и Европската Унија (ЕУ) потпишаа договор за зголемување на снабдувањето со гас за Европа во рамките на намалувањето на зависноста од Русија од природен гас.