Afra Aksoy
07 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Група палестински затвореници во израелските затвори започнаа штрајк со глад поради условите на затворите, како и против поставувањето уреди за прекинување на сигналот на мобилните телефони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на израелскиот весник „Маарив“ (Maariv), група палестински затвореници започнале штрајк со цел протест против условите на затворот и поставувањето на уредите наречени „jammer“ за прекинување на сигналите на мобилните телефони.
Во вчерашната вест на израелскиот весник „Хаарец“ (Haaretz) беше наведено дека Управата на затвори на Израел се обидела да постигне договор со претставниците на палестинските затвореници, со цел денес да не одржуваат штрајк со глад.
Во веста се вели дека ќе се прифати барањето за отстранување на уредите „jammer“ за прекинување на сигнали, но дека Министерството за одбрана на Израел сѐ уште не го прифатило ова барање.
Министерот за јавна безбедност на Израел, Гилад Ердан, вчера на објава на Твитер ги негираше вестите во врска со тоа дека е постигнат договор со палестинските затвореници за отстранување на уредите.
Палестинските затвореници во израелските затвори велат дека уредите „jammer“ за прекин на сигнали предизвикуваат сериозни негативни ефекти врз нивната здравствена состојба.