Çağrı Koşak
22 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
РАМАЛАХ
Палестинската управа го обвинува Израел за намалување на дотокот на вода во Западниот Брег, што значително го отежна животот на многумина Палестинци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Палестинската управа за води е соопштено дека израелските власти го намалиле дотокот на вода во неколку градови.
„Окупаторскиот Израел од минатата седмица постепено го намалување дотокот на вода во Рамалах, Баблус, Јенин и Хеброн", се наведува во соопштението.
Се додава дека ваквата постапка на Израел негативно вијае на животите на многумина граѓани и дека и Палестинската управа за води се наоѓа под голем притисок.
Во соопштението се апелира на Израел да го почитува меѓународното право и постоечките договори и се додава дека меѓународната заедница „би требала да изврши притисок на Израел кој се обидува да го загрози народот со своите произволни политики кои се однесуваат на водата."
Според одредени податоци, количината на вода која на тоа подрачје ја користи просечен еврејски доселеник е два и пол пати поголема од количината на вода која во просек ја троши еден палестински граѓанин.