Ekipa
08 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
ПАРИЗ (АА) - Ан Идалго, градоначалничката на Париз, отвори нов мигрантски прифатен центар со што се надева дека ќе го спречи престојувањето на мигрантите на сиромашните места во градот и ќе ја ублажи напнатоста во погодените париски населби, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот, кој денес е отворен во северниот париски кварт, има максимален капацитет за престој на 400 лица. Повеќе од 18.000 мигранти од јуни 2015 година се тргнати од улиците и парковите на Париз, на кои им се пронајдени засолништа.
Претходно овој месец, француските власти го отстранија импровизираниот камп во близина на метро станицата „Сталинград“ во кој престојуваа во шатори над 3.000 лица. Таа акција следеше по преселувањето на речиси 7.000 лица од кампот „Џунгла” во градот Кале, кој се наоѓа на француската страна од каналот Ла Манш.