Betül Yürük
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Амбасадорката на САД, при ОН, Саманта Пауер, во врска со усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, за барањето за завршување на изградбата на илегалните израелски населби на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, истакна дека САД со ваквата одлука на Израел му праќа порака, јавува Anadolu Agency (AA).
„САД на Израел му праќа порака дека треба да престане со изградба на населбите која трае веќе 50 години” , изјави Пауер по гласањето за резолуцијата.
Таа нагласи дека исто така во последните години е забележан пораст на бројот на стамбени единици во израелските населби што, како таа изјави, претставуваат опасност на идејата за дводржавно решение.
Советот на безбедност на ОН вчера ја усвои резолуцијата со која се бара завршување на илегалното градење на израелските населби на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим. САД по прв пат беа воздржани.
Резолуцијата со која се бара „ веднаш и потполно ” спречување на сите активности поврзани со илегалното градење на еврејските населби на окупираната палестинска територија, усвоена е со 14 гласови „ за”.
Инаку, тоа е прва резолуција за израелско палестинските односи која Советот за безбедност на ОН ја усвои во речиси осум години.
Американската амбасадорка при ОН, Саманта Пауер, изјави дека САД не вложил вето, бидејќи резолуцијата, како таа изјави, „ја одразува состојбата на терен и е конзистентна со политиката која ја спроведува САД”.
Да подсетиме, споменатите нацрт резолуции ги предложија Нов Зеланд, Малезија, Венецуела и Сенегал.