Tuğrul Çam
07 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Министерството за одбрана на САД (Пентагон), Џеф Дејвис, за расчистувањето на ДАЕШ од границата меѓу Сирија и Турција рече дека претставува многу значаен стратегиски развој во борбата против нив, јавува Anadolu Agency (AA).
Капетанот Џеф Дејвис, на прес-конференцијата одржана во Пентагон, одговараше на прашања за развојот на настаните во Сирија.
Портпаролот Дејвис истакна дека расчистувањето на границата од ДАЕШ е од големо значење од аспект на протокот на странски војници во организацијата и „извозот на тероризам“, додавајќи дека со ова на организацијата ѝ е зададен значаен удар.
Покрај тоа, Дејвис рече дека елементите на ПКК/ПЈД преминале на источната страна од реката Еуфрат, истакнувајќи дека американските специјални единици се во фаза на планирање на заедничката акција во борбата против ДАЕШ.
„На истокот од браната Тешрин, на Еуфрат, се гледаме со нив и го планираме наредниот дел од борбата“, рече капетан Дејвис, портпарол на Министерството за одбрана на САД.