Kasım İleri
10 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Еден од лидерите на терористичката организација ДАЕШ во Ирак, Абу Вахиб убиен е во воздушните напади на коалициските сили предводени од САД, соопшти Пентагон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вахиб, познат како и Шакер Вахиб ал- Дулами, убиен е во нападите во ирачката провинција Анбар во петок, рече гласноговорникот на Пентагон Петер Кук.
„Нападите во близина на Рутхба беа успешни и во нив е убиен Абу Вахиб и три џихадисти на ДАЕШ", рече Кук и додаде дека Вахиб е еден од милитантите кои се појавуваше на снимките на егзекуција кои ги предводеше ДАЕШ.
Ова е четврти пат како се прогласува смртта на Абу Вахиб. Иако не прецизирал детали, Кук истакнал дека од Пентагон се уверени дека лидерот на ДАЕШ овој пат навистина е убиен.
Откако е обвинет за поврзаноста со ал-Каеда, Абу Вахиб од 2006 година го заробија американските сили и го држеа во кампот Бука до 2009 година. Три години потоа префрлен е во затворот во Тикрит каде е осуден на смрт, но успеа да избега.