Halit Süleyman
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
МАРЕА (АА) - Во нападите на терористичката организација ПКК/ПЈД во Мареа, Сирија, која се наоѓа под контрола на опозицијата загинаа тројца цивили, а шестмина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален претставник на локалната Цивилна заштита, Ала Ниме, за АА изјави дека во нападите кои сирискиот огранок на терористичката организација ПКК/ПЈД ги извршил во Мареа, загинале тројца цивили меѓу кои и бремена жена.
Според неговите зборови, меѓу ранетите шест цивили, се наоѓале три деца. Ранетите лица се пренесени во градската болница.
„ПЈД веќе долго време со разни видови на оружје го напаѓаа местото. Во денешните напади причиета е значителна материјална штета на многу населби”, додава Ниме.
Активистот од Мареа, Абдулфета Хусеин, изјави дека војнциите на опозицијата возвратиле на нападите на ПКК/ПЈД, и дека во западните делови на местото дошло до судири меѓу опозицијата и терористите.