Ayşe Doğru
23 Август 2019•Ажурирај: 25 Август 2019
АНКАРА (AA) - Укината е вонредната состојба во Шри Ланка, што беше воведена по терористичките напади во април оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Маитхрипала Сирисена ја продолжуваше вонредната состојба од април. Последен пат беше продолжена за еден месец на 22 јули.
Овие мерки следуваа откако во април во координирани напади низ земјата се убиени најмалку 290, а ранети 500 лица.
Со воведување на вонредната состојба, на полицијата и на војската им се овозможени широки овластувања да притворат и да испрашуваат кого било без судски налог.
Шест бомбаши самоубијци изведоа напади во Шри Ланка, во кои загинаа 290 лица, додека повеќе од 500 се ранети.
Цел на бомбашките напади изведени на 21 април беа три цркви во градовите Кочикаде, Негомбо и Батикалоа, и три луксузни хотели „Кингсбури“, „Синамон Гранд“ и „Шангри Ла“ во главниот град на Шри Ланка, Коломбо. Седмата експлозија одекна кај Зоолошката градина во Коломбо, а осмата во местото Дематогода на периферијата на Коломбо. Загинаа најмалку 290, а ранети беа повеќе од 500 лица.
Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДЕАШ.