Oktaj Omeragikj
16 Ноември 2025•Ажурирај: 17 Ноември 2025
МАНИЛА (АА) - Масовни демонстрации против корупцијата во владата се одржаа во паркот Ризал во Манила, на Филипини, известува Анадолу.
Тридневниот митинг што започна денес е најновиот израз на јавниот гнев поради корупцијата во проектите за контрола на поплави, при што голем број демонстранти од ‘генерација З’ побараа одговорност од службениците и сојузниците на претседателот Фердинанд Маркос помладиот.
Демонстрациите следат по два смртоносни тајфуни што предизвикаа сериозни поплави, убија стотици и раселија десетици илјади луѓе.
Откриени се масовни измами во околу 9.855 проекти за контрола на поплави во вредност од над 545 милијарди пезоси (9,5 милијарди долари).
Демонстрантите бараат одговорност од корумпираните политичари, објавување изјави со детали за средствата, обврските и нето вредноста, како и потпишување на изјави за откажување од банкарска тајна од страна на сите владини претставници.