Tufan Aktaş
10 Ноември 2022•Ажурирај: 14 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Повторно е отворен за сообраќај аеродромот „Букоба“ по несреќата во која патнички авион падна во езерото Викторија во Танзанија, на само неколку стотина метри од пистата за слетување, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Управата за цивилно воздухопловство на Танзанија се вели дека повторно е отворен аеродромот, дека е безбеден и е во согласност со меѓународните стандарди.

Во авионската несреќа во која животот го загубија 19 лица, покрај локалните власти, истрага започнаа француско-италијанскиот производител на авионот, АТР (ATR) и Француската управа за цивилно воздухопловство.
Како причина за падот на патничкиот авион на „Пресижн ер“ (Precision Air), една од најголемите приватни авиокомпании во земјата, се наведуваат лошите временски услови.
Во авионот кој летал од Дар ес Салам кон Букоба, во моментот на несреќата имало 39 патници и 4 членови на екипажот.