Mücahit Oktay
02 Август 2022•Ажурирај: 03 Август 2022
ЊУЈОРК (АА) - Во поплавите, одроните и пожарите кои ги зафатија Соединетите Американски Држави (САД) загинаа 37 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во сојузната држава Калифорнија активни се пожари, а тимовите на терен пронајдоа две тела.
Шумските пожари се активни во Калифорнија од петокот. Во запалено возило се пронајдени две тела.
Огнената стихија им се заканува на илјадници луѓе во регионот, која и понатаму е активна поради екстремните горештини.
Официјалните претставници наведоа дека причина за пожарот кој изби во северна Калифорнија, во близина на границата со сојузната држава Орегон, уште не е познат.
Многу патишта кои водат кон популарната туристичка дестинација Националниот парк „Долина на смртта“ беа блокирани поради поплавите во западна Невада и северна Аризона.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, потврди дека во поплавите и одроните смртно настрадале 35 лица.
Ги предупреди жителите од регионот дека силните ветрови ќе донесат поголеми проблеми.
Повеќе од 12.000 луѓе останаа без струја, а најмалку 300 луѓе се засолнија во привремено сместување.