Ömer Tuğrul Çam
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
БРИСЕЛ
Полицијата со солзавец и со вода под притисок интервенира врз Ерменците кои протестираа пред институциите на Европската Унија (ЕУ) во белгискиот главен град Брисел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Една група, претежно Ерменци, меѓу кои и лица кои во Белгија со автобуси дошле од други земји, од утринските часови почнаа да се собираат во зоната близу која се наоѓаат зградите на различни институции како Советот за ЕУ и Европската комисија, со цел да протестираат против Турција и Азербејџан.
Демонстрантите извесно време се стационираа во оваа зона каде што извикуваа различни пароли, а потоа се обидоа да маршираат без дозвола. Белгиската полиција им го пресече патот, недозволувајќи да се реализира овој марш.
Полицијата со вода под притисок интервенира врз демонстрантите. По оваа интервенција, дел од групата го напушти ова место, додека останатите продолжија да чекаат.
По извесно време полицијата со солзавец интервенира врз демонстрантите кои останаа на истото место, додека во настанатиот судир се повредени неколку демонстранти.
По настанатите случувања, поголемиот дел од демонстрантите го напуштија местото.