Ata Ufuk Şeker
24 Декември 2021•Ажурирај: 26 Декември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Утврдено е дека 48 отсто од бебињата родени во Белгија минатата година имале мајки странски државјани или пак државјанки на земјата со странско потекло, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Белгискиот статистички институт (Statbel) соопшти податоци за раѓањата во земјата во 2020 година.
Според извештајот, половина од родените бебиња во земјата се на мајки со белгиско потекло.
Од родените бебиња во Белгија, 25 отсто се од мајки странски државјанки, а 23 отсто на мајки белгиски државјанки со странско потекло.
Според ова, мајките на 48 отсто од бебињата родени во Белгија се странци или со странско потекло.
Просечната стапка на фертилитет во земјата е 1,54 живородени деца на една жена.
Просечниот број на деца во Белгија варира во зависност од потеклото на мајката.
Просечниот број на деца е 1,38 за жените со белгиско потекло, оваа бројка е 1,58 за белгиските жени од странско потекло и 2,05 за државјанките на други земји.
Белгија има вкупно население од околу 11,6 милиони. Од населението во земјата, 67,9 отсто се Белгијци, 19,7 отсто се Белгијци со странско потекло, а 12,4 отсто се странци.