Hüseyingulu Hüseyinzade
09 Февруари 2022•Ажурирај: 11 Февруари 2022
ВАРШАВА
Полска објави дека формирала нова воена единица за сајбербезбедност, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за одбрана, Мариуш Блашчак, нагласи дека целите на единицата вклучуваат одбрана, извидување и каде што е потребно, заштита на Полските вооружени сили од сајбернапади.
„Свесни сме дека сајбернападите станаа алатки на политиката во 21 век и се користат и од нашиот сосед“, рече Блашчак, мислејќи на Русија.
Нагласувајќи дека силите за сајбербезбедност ќе бидат основен и клучен дел од Полските вооружени сили, Блашчак рече дека на чело на единицата е назначен генералот Корал Моленда од Полската армија.
Потегот доаѓа откако мејловите на Михал Дворчик, шефот на канцеларијата на полскиот премиер, протекоа од приватната електронска пошта во 2021 година и станаа достапни на интернет.