Sinan Doğan
09 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
БОГОТА
Во административниот регион Рисаралда, Колумбија, во свлечиште предизвикано од обилните дождови животот го загубија 14 лица, а 35 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Во градовите Доскуебрадас и Переира, Рисаралда, се создадоа купишта кал на улиците поради поплавите.
Националната единица за управување со ризици од катастрофи на Колумбија соопшти дека 14 лица ги загубиле животите, 35 лица се повредени, а едно лице се води како исчезнато во свлечиштето предизвикано од врнежите.
Војниците и пожарникарите ги поддржуваат напорите за пребарување и спасување.
Карлос Маја, градоначалникот на Переира, наведувајќи дека се обидуваат да достават помош до луѓето во областите погодени од катастрофата, истакна дека продолжуваат напорите за евакуација.
Секоја година во Колумбија поплавите и свлечиштата кои се создаваат како последица на обилните дождови, предизвикуваат многу луѓе да ги загубат животите, а исто така и сериозни материјални штети.