Murat Temizer
16 Ноември 2022•Ажурирај: 16 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, ќе се состане со премиерот Матеуш Моравиецки и со членовите на Кабинетот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Кабинетот на полскиот премиер.
Во соопштението се вели дека состанокот на државниот врв ќе се одржи денеска во 11:00 часот по локално време.
Се наведува дека по овој состанок ќе се одржи и состанок на Советот за национална безбедност на земјата.
Според соопштението, во 10:00 часот по локално време ќе се одржи состанок во НАТО во врска со ракетата која падна во Полска.
Инаку, 2 лица загинаа во случајот во кој ракета падна во полското село Пржеводов кое се наоѓа на границата со Украина.