Michael Gabriel Hernandez
29 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Март 2020
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео најостро го осуди нападот врз турските сили во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со Турција, нашиот сојузник во НАТО, по гнападот на 27 февруари врз турските сили во Идлиб, кој резултираше со смрт на десеттици турски војници", наведе Помпео во соопштението и додаде:
„САД најостро го осудуваат овој напад. Режимот на Асад, Русија, Иран и Хезболах мора да престанат со нападите во Идлиб", рече Помпео.
Тој го обвини режимот и неговите главни поддржувачи - Русија, Иран и Хезболах, за спречување на воспоставување на примирјето на северот на Сирија.
„САД се ангажираат со нашите турски сојузници и разгледуваат можности како да и помогнат на Турција против оваа агресија, бидејќи настојуваме да спречиме понатамошна бруталност на Асадовиот режим и Русија и да го намалиме хуманитарното страдање во Идлиб", заклучи Помпео.
Во нападот кој силите на решимот на Башар ал Асад го изведоа во четвртокот врз турските безбедносни сили во Идлиб загинаа 33 војници.