Ekipa
30 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
РИЈАД (АА) - Поројните дождови, кои веќе 4 дена се активни во Саудиска Арабија, предизвикаа поплави во кои животот го загубија 12 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според официјалната агенција на Саудиска Арабија, СПА (SPA), поројните дождови, што започнаа во неделата и продолжуваат да паѓаат, беа причина за појава на поплави во различни делови од земјата. На целата територија на земјата поплавите одзедоа 12 животи.
Покрај тоа, се наведува дека во операциите што се спроведени последните 4 дена, спасени се 271 лице, а од подрачјето Тебук, во северозападниот дел на земјата се евакуирани 137 лица.
Цивилната заштита на Саудиска Арабија упати предупредување до населението да преземе превентивни мерки од ненадејно појавување поплави или надоаѓање вода.