Riyaz Khaliq Khaliq
26 Декември 2022•Ажурирај: 28 Декември 2022
ИСТАНБУЛ - Најмалку шест лица починаа, а илјадници се евакуирани на безбедно по обилните врнежи од дожд и настанатите поплави до кои дојде во текот на изминатиот викенд на Филипини, известува Агенција Анадолија (АА).
Државниот совет за намалување на ризици од катастрофи соопшти дека најмалку 19 луѓе сѐ уште се водат за исчезнати во поплавите што настанаа во пет филипински региони.
Поројни врнежи од дожд се регистрирани во покраините Јужен Камаринес и Западен Мисамис, како и во регионите Источни Висаи, Бикол и Северен Минданао.
Поплавите загрозија подрачје на кое живеат околу 100.000 жители, а на безбедно се префрлени 44.700 лица, сместени во 27 центри за евакуација.
Филипинската метеоролошка агенција ПАГАСА информираше дека студени и топли ветрови ќе продолжат да носат дожд во Висаи, Карага, Северен Минданао, полусостровот Замбоанга, Басилану, Сулу, Тави-Тави и Палаван и предупреди на можни нови поплави и свлечишта.