Fatma Esma Arslan
01 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
ДАКАР
Поројните врнежи од дожд ја предизвикаа смртта на 35 лица во Нигер, известува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за Цивилна заштита ги објави податоците поврзани со поплавите што го зафатија Нигер.
Во соопштението се наведува дека интензивните врнежи од дожд предизвикале поплави во кои досега, почнувајќи од јуни, се поплавени 2.500 куќи.
Агенцијата информира дека од поплавите се погодени 26.532 лица, при што од под зградите урнати од поплавите се извлечени безживотните тела на 20 лица, а 15-мина се удавиле во надојдените води.
Поплавите во периодот на дождови од јуни до септември се честа појава во Нигер.
Во истиот период минатата година од поплавите беа погодени 350.000 лица, а 73 ги загубија животите.