Ata Ufuk Şeker
20 Јуни 2022•Ажурирај: 21 Јуни 2022
БРИСЕЛ (АА) - Денес нема летови од аеродромот во Брисел поради штрајк на персоналот, јавува Агенција Анадолија (АА).
На повик на повеќе синдикати во Белгија, вработените на аеродромот и персоналот од обезбедувањето одржуваат штрајк со барање за подобрување на работните услови и платите.
Сепак, аеродромот ќе биде отворен за патниците што пристигнуваат и за карго летовите.
Аеродромската управа побара патниците да не доаѓаат на аеродромот поради штрајкот и да направат измени во нивните планови за патување.
Јавниот превоз во Брисел, вклучително и метрото, трамваите и автобуските услуги, се исто така во прекин поради штрајкот.
Бидејќи Белгија е една од земјите во Европа со систем за автоматско индексирање на платите, платите на вработените се зголемуваат според инфлацијата.
Работодавците се за промена на овој систем.
Синдикатите се во одбрана на шемата за автоматско индексирање, но бараат промена на регулативата која го ограничува растот на платите во приватниот сектор.
Инфлацијата во Белгија во мај изнесуваше 8,97 проценти, највисокото ниво од 1982 година.