Büşra Selvi Öğütcen
28 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
МАЈАМИ (АА) - Поранешниот венецуелски генерал-мајор Кливер Алкала, за кого Соединетите Американски Држави (САД) подготвија обвинение за „меѓународна трговија со дрога“ и даваа награда од 10 милиони долари за неговото апсење, се предаде во Колумбија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Асошиејтед прес“ што се базира на 4 релевантни лица кои сакаат да останат анонимни, Алкала, за кого американскиот Стејт департмент подготви обвинение дека „има улога во меѓународната трговија со дрога“, се предал во Колумбија и се согласил да соработува со обвинителите.
Претставници на Управата за сузбивање дрога на САД (DEA) го донесоа Алкала со чартер лет од Баранкиља во Њујорк, за понатамошна истрага.
Во писмената изјава од американскиот Стејт департмент на 26 март се истакнува дека е подготвено обвинение за „улога во меѓународната трговија со дрога“ за венецуелскиот претседател Николас Мадуро, за првиот заменик-претседател на владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела, Диосдадо Кабело, началникот на Воената разузнавачка служба на Венецуала, Уго Карваја, поранешниот генерал-мајор Алкала и за министерот за индустрија, Тарик ел Аисами.
Исто така во соопштението е нагласено дека лицата што ќе дадат информации за да биде уапсен Мадуро ќе добијат парична награда од 15 милиони долари, додека за другите обвинети лица ќе добијат награда од 10 милиони долари.