Emre Gürkan Abay
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ја обвини Украина дека врши провокативни акти во Донбас, и рече дека „со голема загриженост ги следат настаните во Украина“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Песков во изјава за медиумите во Москва говореше за тврдењата дека „Русија врши подготовки за окупирање на Украина“.
Тој тврди дека Украина во Донбас врши провокативни акти кон Русија.
„Овие провокации значајно растат. Освен тоа, овие провокации се вршат со оружја што НАТО ги обезбеди за Украина. Сето ова е против постоечкиот договор од Минск“, рече Песков.
Според него, земјите од Западот преку своите весници и новински агенции водат информативна војна против Русија.
„Постои иницијатива Русија да се покаже како страна која претставува закана за мировниот процес во Украина“, додаде тој.
Портпаролот на Кремљ тврди дека военото мобилизирање на Русија на нејзините територии не е насочено против никого.
„Со голема загриженост ги следиме настаните поради тоа што сме свесни за значителното влијание што го имаат прорадикалните политичари во Украина“, истакна Песков.
- Лавров со реакција против Германија и Франција -
Меѓу другото, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, по средбата што ја одржа во Москва со либанскиот министер за надворешни работи, Абдала Бухабиб, одговори на новинарските прашања во врска со Украина.
„Многу сум загрижен поради тоа што Берлин и Париз се тврдоглави во желбата да ги поддржуваат договорите од Минск и во желбата за поддржување во секоја прилика и оправдување на неприфатливите акти на администрацијата на Киев“, рече Лавров, критикувајќи го пристапот на Германија и Франција кон договорите од Минск.
Лавров нагласи дека се преговара за одржување нов самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, и дека на овој состанок ќе се разговара и за украинското прашање.