Aşkın Kıyağan
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
ВИЕНА (АА) - Поради сериозното зголемување на бројот на заболени од Ковид-19, во Австрија стапи на сила полициски час што ќе трае 20 дена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во земјата дневниот број на заболени надминува 15.000. Затоа Владата одлучи да воведе полициски час што ги опфаќа сите за да го контролира четвртиот бран и да го заштити здравствениот систем.
Поради полицискиот час што ќе се применува цел ден, деловните субјекти, трговските центри, рестораните и хотелите ќе бидат затворени.

Ќе работат само маркетите и аптеките, каде што се задоволуваат суштинските потреби на луѓето.
Во рамките на ограничувањето што треба да се применува за сите без разлика дали се вакцинирани или не, нема да биде дозволено излегување освен во одредени ситуации. Наставата ќе продолжи и од далечина и со физичко присуство.
Се наведува дека за време на полицискиот час државните службеници ќе работат од дома. Се препорачува и во приватниот сектор, каде што е возможно, да се префрлат на работа од дома.

- 1.450 евра казна -
Оние што нема да ги почитуваат донесените одлуки ќе бидат казнети со парична казна до 1.450 евра.
Во Австрија во последните 24 часа регистрирани се 13.806 нови случаи, со што вкупниот број заболени се зголеми на 1.070.419. Бројот на починати од болеста е зголемен на 12.042.
Одлуката за затворање предизвика сериозни реакции во земјата. Во саботата се одржаа демонстрации со учество на околу 50.000 луѓе.
Австрискиот премиер Александер Шаленберг во петокот соопшти дека земјата се наоѓа во четвртиот бран и дека не е постигнато посакуваното ниво на вакцинација и затоа ќе биде воведен полициски час од 20 дена.
Шаленберг исто така рече дека од 1 февруари 2022 година ќе се применува обврската за вакцинација.