Hasan Esen
03 Јуни 2019•Ажурирај: 03 Јуни 2019
ЛОНДОН (АА) – Посетата на Трамп на Велика Британија започна со навреди кон градоначалникот на Лондон, Садик Кан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп, веднаш пред слетувањето на неговиот авион на аеродромот „Станстед“, на својот твитер-профил го нападна градоначалникот на Лондон, кој беше против неговата посета на Велика Британија.
„Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, за кого имам информации дека не работи успешно, покажал глупава бесрамност кон претседателот на САД, најважниот сојузник на Британија, во однос на посетата. Тој е еден комплетен губитник кој не треба да се фокусира на мене, туку на криминалот во Лондон“, напиша Трамп.
Тој го спореди градоначалникот на Лондон со муслиманско потекло, со градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, и рече дека разликата меѓу нив е во тоа што градоначалникот на Лондон е „на пола висина“ од Бласио.
Во Лондон на протестите против Трамп, одобрени од Кан, што ќе се одржат денес и утре, ќе се употреби џиновски балон во форма на „бебе Трамп“.
Официјалната посета на Трамп на Велика Британија по покана на кралицата Елизабета II, ќе трае 3 дена.
Градоначалникот Кан, кој се спротивстави на тоа да биде поставен црвен тепих за Трамп, вчера го спореди американскиот претседател со европските диктатори од 1930-тите и 1940-тите години.